Блог каде може да се најдат корисни информации од доменот на меѓународната соработка на Република Македонија со НАТО и Парнерството за Мир
23 декември 1993
Собранието на Република Македонија усвојува резолуција за пристапување на Република Македонија во Северно-атлантската договорна организација – НАТО.
15 ноември 1995
Република Македонија го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата Партнерство за мир во седиштето на НАТО во Брисел. Истовремено, Република Македонија пристапува и во Северноатлантскиот совет за соработка, подоцна Евроатлантски совет.
22 декември 1995
Потпишување на договор меѓу Македонија и НАТО за премин на силите на ИФОР (заради нивно координирање со ООН во поддршка на имплементирањето на Мировниот договор за Босна и Херцеговина).
19 јануари 1996
Потпишана е Спогодба за безбедносни аранжмани помеѓу Република Македонија и НАТО
24 април 1996
Владата формира Служба за реципрочна безбедност и заштита на информации помеѓу Република Македонија и НАТО.
30 мај 1996
Македонија го потпишува партнерскиот Договор за статусот на силите (СОФА)
4 јуни 1996
Парламентот на Република Македонија едногласно го усвојува Законот за ратификација на партнерскиот СОФА-договор.
12 јуни 1996
На свечена седница на Северноатлантскиот совет во Брисел се прифаќа Посебната програма за Република Македонија во рамките на Партнерството за мир за периодот 1996-1998 год.
14 јуни 1996
Отворена е Канцеларија за врски на Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.
26 ноември 1997
Свечено отварање на Мисијата на Република Македонија при НАТО во Брисел.
1 декември 1997
Владата на Република Македонија донесува одлука за формирање Комитет за евроатлантска интеграција задолжен за координирање на активностите во врска со подготовките на Република Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО.
8 декември 1997
Владата на Република Македонија донесува одлука за формирање Работен комитет за интеграција во колективните одбранбени системи.
22 април 1998
Собранието на Република Македонија основа Комитет за европска и евроатлантска интеграција како постојано работно тело.
15 јуни1998
Одржана првата НАТО воздушна вежба во Република Македонија “Решителен сокол”, со учество на специјалните сили на АРМ
2 декември 1998
Владата на Република Македонија одобрува престој на силите на НАТО за извлекување на Верификациската мисија на ОБСЕ на Косово.
24 декември 1998
Се склучува Основниот договор меѓу Република Македонија и НАТО за престој на мисии на НАТО во Република Македонија.
23 април 1999
На Самитот на НАТО во Вашингтон, Република Македонија официјално станува кандидат за членство во Алијансата. Истовремено, Република Македонија е примена за членка на Акциониот план за членство на НАТО, по што започнува процесот на имплементација на Планот.
19 мај 2000
Македонија е една од основачите на Групата Вилнус, заедно со Албанија, Бугарија, Романија, Словенија, Словачка, Летонија, Естонија и Литванија. Хрватска се приклучува во 2002 година.
29 јуни 2001
НАТО одобрува план за распредување на војници во Република Македонија, позната под назив на мисијата “Суштинска жетва”. Мисијата е официјално одобрена на 22 август.
27 септември 2001
Владата на Република Македонија и НАТО договараат нова мисија, “Килибарна лисица”. Сукцесивниот мандат продолжува до 16 декември 2002 година, кога почнува НАТО мисијата “Сојузничка хармонија” и трае до 31 март 2003 година.
Август 2002
Четворица офицери на АРМ за прв пат заминуваат во Авганистан, како дел од мисијата на НАТО во Авганистан – ИСАФ, со што започнува учеството и контрибуцијата на Република Македонија во меѓународни мировни операции.
2 мај 2003
Македонија, Албанија и Хрватска, заедно со Соединетите Американски Држави, во Тирана ја потпишуваат Повелбата за партнерство (или Јадранската повелба). Оваа иницијатива, која неофицијално е наречена Охридско-јадранска иницијатива, ја покренува Претседателот Борис Трајковски на маргините на Самитот на НАТО во Прага.
11 август 2003
НАТО ја презема командата и контролата над мисијата ИСАФ во Авганистан. Учеството на Македонија со сопствени сили од АРМ во оваа мисија продолжува под знамето на НАТО.
15 јануари 2005
Со цел да се зајакнат и координираат активностите, Владата на Република Македонија назначува Национален координатор за подготовките на земјата за членство во НАТО.
10 септември 2006
Координирањето на активностите за евроатлантска интеграција на Република Македонија се крева на највисоко ниво и се става директно под закрила на Премиерот. Се формира и Комитет за прием на Република Македонија во НАТО. Со Комитетот заседава Премиерот, а негови заменици се Министерот за надворешни работи и Министерот за одбрана.
7 јуни 2007 година
Република Македонија ја превзеде целосната логистичка поддршка за НАТО/КФОР Мисијата на Косово, со што се овозможи значителна заштеда на средства и војници на НАТО и можност за нивно учество во некоја друга меѓународна операција.
28 и 29 јуни 2007
Република Македонија е домаќин на вториот Безбедносен форум на Евроатлантски партнерски совет на НАТО
2-4 април, 2008
Во периодот од 2-4 април, 2008 година се одржа Самитот на НАТО во Букурешт. Самитот беше познат уште и како Самит на проширување на кој се очекуваше да бидат поканети трите МАП земји односно земјите од т.н. Јадранска група (Албанија, Хрватска и Македонија). Сепак и покрај јасно препознатите достигнувања, посветеност на вредностите и придонесот за оперативните активности на НАТО, како и напредокот во реформските процеси што ги направи земјата, поканата за Република Македонија за полноправно членство во НАТО изостана, со образложение дека ќе биде испратена од страна на Северно-атлантскиот совет веднаш штом ќе се изнајде заедничко прифатливо решение за спорот околу името.
Август 2008
Собранието на Република Македонија го ратификуваше Натамошниот дополнителен протокол кон СОФА договорот, со што материјата за статусот на силите на територија на друга држава членка на НАТО и ПзМ е заокружен.
1 септември 2008
Собранието на Република Македонија го усвои амандманот кон Законот за одбрана за елиминирање на законските пречки за присуство на силите на Алијансата на територија на Република Македонија, во согласност со чл.5 од Северно-атлантскиот договор. Со оваа дополна на Законот за одбрана отстранета е и последната потенцијална правна пречка за учество на наши војници во меѓународни воени мисии и за присуство на НАТО сили во Република Македонија согласно чл. 5 од Северно-атлантскиот договор.
25 септември 2008
За времетраењето на македонското претседавање со Јадранската група, на маргините на 63-то Генерално собрание на ООН, во Њујорк, донесена е одлука да се упати покана до Црна Гора и Босна и Херцеговина за приклучување во Јадранската Повелба.
Првиот состанок на Јадранската Повелба во новиот формат А3+2 во присуство на новоприментите членки Црна Гора и Босна и Херцеговина се одржa на маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ, на 4 декември 2008 година, во Хелсинки.
6 ноември 2008
Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел, во својство на земја- претседавач беше домаќин на амбасадорскиот состанок на земјите членки на Групата за управување на безбедносната соработка во ЈИЕ (СЕЕГРОУП), на кој учествуваа 32 земји членки и земји партнери на НАТО, во присуство на претставници на службите на НАТО, предводени од Генералниот Секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер.
3-4 април, 2009
Во периодот од 3-4 април, 2009 година се одржа Јубилејниот Самит на НАТО (60 години НАТО) во Стразбур (Франција) и Кел (Германија). Иако Република Македонија не доби можност да учествува на Самитот, во чл. 22 од Финалната Декларација од Самитот НАТО, Северно-атлантскиот совет уште еднаш се повика на договорот од Самитот во Букурешт, за упатување покана за Република Македонија веднаш штом ќе биде најдено заедничко прифатливо решение за името во рамки на ОН. НАТО ќе продолжи и натаму да дава поддршка и асистенција на реформските напори на Владата на Република Македонија. НАТО исто така ја поздрави скорешната одлука на Република Македонија да ја зголеми својата контрибуција во ИСАФ.
13 октомври, 2009
Се одржа состанок Република Македонија со Високиот политички комитет на НАТО (зајакнат), на кој беше претставен текстот на Годишната национална програма на Република Македонија за 2009-2010 година за членство во НАТО, како дел од 11-от циклус на Акциониот план за членство во Алијансата.